Мастите се една од клучните компоненти во исхрана на возрасните, но и на децата. Интересен е фактот дека во раното детство во првата година од животот според препораките на Американската академија по педијатрија од 2017, Институтот за медицина од Вашингтон од 2005 и Американската академија за срцеви болести од 2006 година, вкупниот внес на масти кај деца во првите две години треба да изнесува 40-50% од внесот на макро нутрициенти, кај деца од 2-3 години 30-35%, кај деца од 3-12 години 27-35%, а над 12 години и возрасни 25-35 %. Според овие препораки на внесувањето на есенцијалните масни киселини мора да припадне најмалку 7-10%, а внесувањето на транс масни киселини да биде под 1% .
За нормално функционирање, на телото му се неопходни еден голем спектар на незаситени масни киселини, бидејќи тие се составен дел на клеточните мембрани (мозок, око, срце…), разни хормони (паракрини-еикозаноиди) и ензими. Најголем дел организмот на човекот ги создава сам, а како суровини користи есенцијални масни киселини кои мора да се внесуваат од надвор, бидејќи тие не можеме да ги создадеме во телото, а се неопходни за живот. Оние кои мора да се внесат се нарекуваат есенцијални нутрициенти.
Две поли-незаситени масни киселини се есенцијални и круцијални во нашата исхрана, поради локацијата на двојните врски помеѓу јаглеродните атоми во ланецот. Имено, човечкиот организам не може да создаде двојни врски пред 9 јаглероден атом, па масните киселини со двојни врски на 3 и 6 С атом се сметаат за есенцијални. Овие масни киселини се прекузори во формирање на долги поли-незаситени масни киселини важни за формирање на клеточни мембрани и создавање на еикозаноиди.
Најважни омега-3 масни киселини за човекот се алфа-линолеичната (АЛА), еикосапентаеноичната киселина (ЕПА), докосахексаеоничната киселина (ДХА). АЛА има растително потекло. Додека, ЕПА и ДХА уште се наречени морски масни киселини бидејќи скоро исклучиво ги има во рибите и други морски плодови. АЛА како базична форма на омега-3 се наоѓа во некои растенија како што е на пример лененовото семе, е исто така добра затоа што парцијално, но сепак во мали количини може да се конвертира во ДХА и ЕПА во телото. За жал оваа конверзија е доста ограничена и мала (пример само 8-20% од АЛА се конвертира во ЕПА и само 0.5-9% во ДХА), а докажано е дека ДХА и ЕПА имаат поголем здравствен бенефит од АЛА, како што е бустирање на кардиоваскуларното здравје и мозочната сила.
Според истражувањата направени од Simopoulos во 2011, Liu во 2015 и Weylandt во 2015 година оптималниот баланс и однос на Линолната и α- Линолеинската киселина и нивните деривати се круцијален фактор за нормален раст и развој на децата, како и одржување на здравјето во сите фази на животот. Притоа, се разликуват две големи групи на ЕИКОЗАНОИДИ според фамилијата на Омега масните киселини од кои потекнуват. Eикозаноидите кои потекнуваат од Омега-6 генерално делуваат на зголемување на клеточната пролиферација, воспалителните процеси и коагулабилност на крвта преку зголемена агрегација на тромбоцити и вазоконстрикција, а оние од Омега-3 имаат спротивно дејство. Во нивните метаболички патишта од омега-6 фамилијата се ослободува арахидонска киселина која се натпреварува со ЕПА и ДХА за исти метаболни патишта. Така да ако Омега-6 предоминира во исхраната се создава повeќе АПА и се блокира создавањето на ЕПА и ДХА. Ако во исхраната предоминираат Омега-6 масните киселини како што е случај во современата исхрана, во организмот ќе преовладуват ЕИКОЗАНОИДИТЕ створени од Омега-6 како последица на што ќе се зголеми коагулабилноста на крвта, воспалителните реакции и пролиферација на клетки, што е докажано и во студијиата на Gow во 2016 година.
Клучните проблеми во исхраната кај човештвото започнува со почетокот на индустриската револуција од 1784 година и откривањето на парната машина. До тој период исхрана кај човекот уште од палеолитската ера била релативно константна со повисоко внес на омега-3 масните киселини, за да денеска во последната актуелна четврта фаза од индустријализацијата (компјутеризација, вештачка интелегенција, роботика…) се најдовме во динамична, таканаречна современа диета која содржи над 100 гр масти дневно, со висок удел на заситените масни киселини, монозаситени и омега-6 полинезаситени масни киселини, а сиромашен е уделот на омега-3 масните киселини. Денеска над 90% од дневниот внес на масти отпаѓа на растителните масни киселини и транс масни киселини, а помалку од 10% на омега-3 масните киселини односно на ДХА и ЕПА.
Впрочем познато е дека заситените масти (ги има во месото, млечните производи и јајцата) или транс масните киселини (ги има во храни како што е помфрит, торти, колачиња) се докажано штетни при ексцесивно внесување со интенција на запушување на крвните садови и го зголемуваат ризикот од корнарна срцева болест. Но, круцијално е да се напомене дека не сите масти се создаваат еднакво и не сите тие се штетни за здравјето на човекот.
Според Kellie Kong од одделот за диететика и исхрана при KK Women’s & Children’s Hospital од групацијата SingHealth заклучок е дека „постојат некои масти, наречени се моно-незаситени и поли-незаситени масти кои се добри за здравјето и помагаат да се намали ризикот од кардиоваскуларните болести. Во основа омега-3 поли-незаситените масти се клучот за оптимално здравје„. Оваа констатација е пред се поради фактот дека човекот не може овие масти да ги произведе сам, и нашето здравје пред се зависи од внесот на омега-3 преку исхраната, поради што се наречени есенцијални нутрициенти.
Мора да се напомене дека најголемиот број на луѓе особено жени се плашат од зборот „масти“, особено кога ќе застанат пред огледало. Но, се чини дека во обид да се справат со љубовта кон сами себе почнуваат да се изневеруваат самите со внесување на растителни и диетални масти. Кога ќе дојдете до прашањето за масти и исхрана, земете во предвид дека омега-3 се оние кои не смеете да ги избегнувате. Фактот дека не може да се синтетизираат во телото неопходна е исхрана која е богата со омега-3 мастите како што се бакаларот, лососот, туната или лененовото семе. Но ако не се љубители на тие храни тука се суплементите направени од нив како што е маслото од црн дроб на бакалар – MÖLLER’S.
ЗНАЧЕЊЕ И УЛОГА НА ОМЕГА-3 МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ КАЈ ДЕЦАТА
Факти за развојот на мозокот кај децата
ДХА е главна структурна маст во мозокот, нервните клетки и ретината на окото. Интересен факт е дека 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е ДХА. ДХА чини 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот. Во комплетната структура конечно оваа масна киселина достига до 97% од омега-3 мастите во мозокот и до 93% од омега-3 мастите во ретината.
Една од најголемите промени во тек на бременоста но и по раѓањето, е растот и развојот на мозокот и акумулацијата на ДХА во нервното ткиво за време на последниот триместар од бременоста и првите две години од животот кај детето. Во тој контекст за време на последниот триместар, мозокот расте околу 260%, и има средна тежина од 400 грама при раѓање, понатаму мозокот продолжува да расте дополнителни 175% за време на првата година од животот. Овој раст продолжувасо дополнителни 18% за време на втората година. И покрај тоа што понатаму се случуваат значајни промени во адаптацијата и поврзаноста на нервните патишта за време на детството, адолесценцијата и раното зрело доба, мозокот расте само уште 21% во големина од 2 години па се до возрасен човек. Овие податоци укажуваат на фактот дека нај интензивен раст на мозокот е во последниот триместар од бременоста и првите две години од животот. Така и Nelson од Центарот за развој на децата од Харвард универзитетот во 2000 година објавува студија и анализа во која се покажува дека во првите години од животот формирањето на синапсите зависи од рана експресија и внесување на омега-масни киселини и дека секоја секунда во овој дел од животот се формираат по 700 нови синаптички врски.
На раѓање новородено дете има 200 милијарди нервни клетки наречени неврони. Мозокот расте 1.7 грама на ден во тек на првата година од животот. При тоа 60% од енергетскиот внес од храната бебињата го трошат за раст на мозокот. Од социјален и емотивен аспект бебињата во тек на првата година ја сакаат интерреакција и допирот од родителите еднакво како што ја сакаат храната. Во тек на таа прва година бебињата разбираат околу 70 збора но само неколку ги изговараат.
Како во првата така и во периодот помеѓу првата и втората година од животот комуникациите и развојот на синаптичките врски во мозокот кој е во развој се извонредно брзи и промптни. Во овој период внесот на ДХА, омега-3 масните киселини и холин со храна се круцијални нутритивни блокови кои обезбедуваат нормален и динамичен раст и развој на мозокот. Така околу 18 месец кај детето настанува една ерупција во говорниот речник, па децата внесуваат по еден нов збор на секои два часа кога се будни во својот говор. Веќе на возраст од две години децата имаат повеќе од 100 трилиони синаптички врски во мозокот, што е највисока количина во целиот живот на една индивидуа.
Во тек на првите две години клучни две компоненти за нормален развој се исхраната и емотивната комуникација со родителите. Квалитетната и здрава исхрана води до добро расположение, се зголемува способноста за развој на подобро внимание и се подобрува меморијата. Љубовта и конзистентна нега на бебињата носи продолжено задоволство, развој на позитивна личност која има способности да ги решава проблемите и има емпатија кон другите.
ДХА и пластицитет на неуроните и нивните мембрани
Дефицит на ДХА може да ја поремети нормалната трансмисија на сигнали низ мембраните во мозочните клетки, бидејќи миелинската обвивка е претежно составена од ДХА, па нејзино инсуфициентно формирање ќе придонесе до загуба на невролошките сигнали. Со ова нервниот импулс не може нормално да се транспортира. Тоа може да доведе до појава на низа патолошки состојби како бихевиорални пореметувања, депресија, АДХД, дизлексија, диспраксија, некои форми на аутизам и хиперактивност. Кај возрасната популација може да се развие постпартална депресија, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, шизофренија, канцер и дијабетес. Оптимален внес или суплементација со ДХА може да ги превенира овие состојби.
ДХА и ЕПА се исто така одговорни за пермеабилноста на клеточната мембрана на мозочните клетки, па ги прави по пропусливи за неуротрансмитери особено Серотонинот кој е главен регулатор на расположението.
Значење на дефицитот и суплементација со омега-3 масните киселини (научни докази)
Дефицитот на есенцијалните масни и киселини и ДХА денеска се поврзува со низа пореметувања како што се АДХД, дизлексија, диспраксија, некои форми на аутизам и депресивни синдроми кај деца. Клиничките студии, за улогата на омега-3 масните киселини досега објавени во PubMed преку 24.000 релевантни студии, покажуваат дека адекватниот внес на ДХА и ЕПА кај деца го подобрува менталниот односно психомоторниот развој, се подобруваат резултатите на ментално процесирање на 4 годишна возраст и се подобра острина на видот. Докажани се и значително понизок крвен притисок на 6 годишна возраст, што може да го редуцира ризикот од кардиоваскулана болест понатаму во животот, поддршката за развој на нормална когнитивна функција, го намалува ризикот од инфекции, алергии и астма кај децата (Клиничките податоци со Life’sDHA и Birch EE покажуваат редукција на ризикот од алергии, астма и инфекции до 70%)
1. Омега-3 и вид
Неадекватно внесување на ДХА во период на развој на ретината, ќе резултира со перманентни абнормалности. Скорашни сознанија индицираат дека ДХА игра важна улога во регенерацијата на очниот пигмент Родопсин, кој има главна улога во визуелниот трансдукциски систем во кој светлина се конвертира во визуелни слики во мозокот. Дури, Kip M. Connor од Харвард докажал дека омега-3 масните киселини ја супримираат продукција на ТНФ-алфа, а стимулираат продукција на анти-инфламаторни медијатори во ретина со што намалуваат неоваскуларизација и развој на ретинопатијата кај прематурни новородени деца.
Интересен е наодот презентиран од Lim LS (Lancet, 2012) и Merle BM (Invest Ophthalmol Vis Sci, 2014) дека внесувањето на доволно омега-3 е поврзан сигнификантно со намалување на макуларната дегенерација кај возрасните луѓе која е инаку водечка причина за трајно оштетување на окото и појава на слепило
2. Омега-3 и бременост
Според препораките на Светската асоцијација за перинатална медицина, Нутритивната академија на САД и фондацијата за здравје кај децата, препорачувана е суплементација со најмалку 200 мг ДХА дневно во тек на последните 3 месеци бременост и период на лактација.
Обезбедувањето на овие препорачни ниво на омега-3 масните киселини носи бенефити кај детето како што се повисока интелегенција, подобра комуникациона способност и социјални комуникациони вештини, поретка појава на бихевиорални проблеми, намален е ризикот од успорување на психомоторниот развој, намален е рисикот од аутизам, АДХД и церебрална парализа (Strikland AD, Med Htpotheses, 2014; Judge MP, Am J Clin Nutr, 2007)
3. Омега-3 и прематуритет
Студијата Maria Makrides од Аделаида Универзитетот во Австралија, покажала дека висок внес на ДХА ја подобрува мозочната функција на женски прематурни новородени деца. Се добиваат подобри резултати на неуро психолошките тестови за 5 поени и 80% редукција на бројот на женски деца со ментален дефицит.
Внесувањето на есенцијални масни киселини за време на бременоста го намалува ризикот од предвремено породување пред 34 недела за 31% при нормална бременост и за 61% при ризични бремености(Koletzko, Berthold et al (2007) CONSENSUS STATEMENT – Dietary fat intakes for pregnant and lactating women, Perinatal Lipid Intake Working Group. British Journal of Nutrition).
4. Омега-3 и АДХД
АДХД е бихевиорална болест каратеризирана отсуство на внимание, хиперактивност и импулсивност. Gillies D. (Cochran database, 2012) докажал пониско ниво на серумски омега-3 масни киселини кај овие деца во однс на нивни здрави врсници. Но она што е многу позначајно е дека поголем број на студии покажуваат дека омега-3 суполементите може да ги намалат симптомите на АДХД. Така во една Јапонска студија изведена од Hamazaki и Hirayama од Токио (2016) испитувана е група на деца од 6-12 години со АДХД, кај кои се давани поголеми дози на ДХА (514 мг на ден) и ЕПА (100 мг на ден) во период од 2 месеци. Резултатите во таа студија покажуваат редукција на агресијата споредено со контролна група која е нотирана и од наставниците и од родителите. Студиите на Milte CM (Nutrition, 2012), Perera H (J Child Neurol, 2012) и на Bloch MH (J AM Acad Child Adolesc Psychiatry, 2011) докажуваат подобрување на вниманието кај овие деца, се намалува и хиперактивноста, импулсивноста и агресијата. А Heilskov Rytter MJ (Nord J Psychiatry, 2015) со анализа на 52 студии утврдува дека суплементите од риба се едни од најветувачките форми на суплементи во третман на оваа болест. Па така употребата на MÖLLER’S Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар со минимум 1150мг природни масни киселини Омега-3 (ДХА + ЕПА) во 5 мл, се едни од природните ветувачки форми за третман на оваа болест или подобро речено состојба.
5. Омега-3 и развојни растројства
Во 2005 година во Педиатрикс е објавена студија од Оксфордскиот универзитет во која се анализирало влијанието на суплементацијата на ДХА/ЕПА кај деца со развојни растројства на координацијата – диспраксија ( 5% школски деца на возраст од 5-12год), дефицит во моторни функции, проблеми со учење и однесување, спелување, и заостануваат во когнитивните функции. Испитуваната група е компарирана со контролна група на здрави деца. Најдено е дека суплементираните деца го намалиле заостанувањето за 6 месесеци односно по суплементација заостанувале, 6 месеци во читање, спелување, а имале сигнификантно подобрување на однесувањето. Заклучок: 6 месечен “catch up” бил нотиран во когнитивните функции и бихевиоралните карактеристики
6. Омега-3 и когнитивни функции
Во 2010 година Kim од Универзитетот од Гетеборг анализирал како влијае количеството на конзумирана риба врз когнитивните функции и академските достигнувања кај адолесценти. Студијата покажала дека почестото конзумирање на риба од еднаш односно два пати неделно сигнификантно асоцира со повисоки когнитивни достигнувања компарирано со оние кои јадат помалку од еднаш неделно риба .
7. Омега-3 ја олеснуваат менструалната болка
Многу жени имаат абдоминална непријатност и грчеви секој месец, што како состојба во медицината е позната како дисменореа. Таа настанува поради силни контракции на утерусот тригерирано од страна на простагландините (молекули кои се во телото поврзани со процесите на инфламација и болка). Клиничките студии (Detch B, 1995; Harel Z, 1997) покажаа дека омега-3 со нивното познато анти инфламаторно дејство можат да помогнат да се смири оваа менструална болка. Дури е докажано (Mandana Z, 2011) дека суплементацијата со омега-3 е поефикасно од примената на ибупруфен во третманот на тешките менструални болки.
Постојат и докази дека омега-3 масните киселини може да ги стабилизираат хормонските флуктуации и да доведат до подобро расположение.
8. Омега-3 го ублажуваат ревматоидниот артрититс
Ревматоидниот артрит е болест која повеќе ги напаѓа жените во однос на мажите, а исто така и тежината на симптомите се поизразени кај жените. Повеќе студии покажале дека користењето на масло од риба особено од бакалар или суплементација со омега-3 ги намалува зглобните болки и вкочанетоста кај ревматоидниот артрит. Последните студии покажуваат и сигнификантно подобрување во крајниот клинички исход на ревматоидниот артрит.
9. Омега-3 и заштита од остеопороза
Остеопорозата е состојба на губење на коскената густина во тек на време. Жените се природно со поголем ризик од развој на остеопороза во однос на мажите, а кај оние жени кои имаат генетска предиспозиција тој ризик е уште поголем. Понекогаш причина за остеопорозата е падот на естрогените хормони кај жената во тек на менопаузата.
Систематскиот преглед за влијанието на омега-3 врз остеопорозата објавен во British Journal of Nutrition во 2012 година реферира сигнификантно подобрување на минералиазијата на коските под влијание на омега-3 со уште подобар ефект во суплементацијата со додавање на калциум.
10. Омега-3 го намалува ризикот од малигни болести
Засега постојат релативно лимитиран број на клинички студии, но постојат епидемиолошки студии (проучувања како болеста се шири и може да се контролира) кои покажуваат дека обилната исхрана со риба богата со омега-3 го намалува ризикот од карцином на дојка (Carol J Fabian, 2015), простата (Terry PD, 2004) и на дебело црево (Theodoratou E, 2007; Zhong X, 2013). Ова се должи на поголемиот омега-3 версус омега-6 однос во исхраната.
Иако се уште немаме апсолутни докази за да заклучиме дека постои директен линк помеѓу внесувањето на омега-3 и намалувањето на ризикот од малигни болести, сосема е логично според досегашните сознанија да се вклучи исхрана со рибата во поголема мерка кај населението.
11. Омега-3 ги намалува ризико факторите за коронарна срцева болест
Според последните податоци од Светската здравствена организација од 2018 година акутниот миокарден инфаркт и мозочните удари се главните и водечките причини за смрт во целиот свет. Со декади наназад голем број на истражувачи епидемиолошки верифицирале дека во земји и средини каде е голем внесот на т.н. медитеранска исхрана (исхрана богата со риби и маслиново масло) смртноста од овие болести е помала, за да конечно Soumia Peter во 2013 во својот труд го апсолутно и сигурно поврзе со внесот на омега-3 во исхраната, а воедно и даде врвен наслов на неговото истражување „Една риба дневно, го држите кардиологот подалеку!“. Улогата на оптималното внесување на омега-3 масните кислеини во тој контекст ги носат следните бенефити:
- Триглицериди: Омега-3 масните киселини значајно ги намалауваат триглицеридите во ранг од 15-30% (Cazzola R, 2007; Oliveira JM, 2011)
- Крвен притисок: Омега-3 масните киселини го намалуваат систолниот и дијастолниот притисок кај пациенти со хипертензија (Ramel A, 2010)
- „Добар“ ХДЛ холестерол: Омега-3 масните киселини го покачуваат „добриот“ ХДЛ холестерол во серумот, а го намалуваат нивото на холестерол. (Bernstein AM, 2012)
- Згрутчување на крвта: Го превенираат ексцесивното згрутчување на крвта со што се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести како што е коронарната срцева болест и мозочниот удар
- Ја одржуваат способноста на артериите да се дилатираат и релаксираат што е главен фактор во одржување на нормалниот крвен притисок и кардиоваскуларно здравје (Wang W, 2012)
- Го инхибираат задебелувањето на артериите преку намалување на ендотелијалната клеточна продукција на една супстанца која е наречена тромбоцитно-произведен фактор на раст. Со ова се регулира крвниот притисок и одржување на интактен кардиоваскуларен систем (Miyoshi T, 2014)
Сепак и покрај огромниот број на студии кои го покажуваат бенефитот од внесувањето на омега-3 масните киселини во однос на кардиоваскуларното здравје, и фактот дека се тоа водечки суплементи кои се користат во светот, за жал смртноста до акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар се уште се доминантни во целиот свет.
12. Омега-3 ја намалуваат инфламацијата во телото.
Инфламацијата е природен процес и одговор на инфекција или оштетувања во вашето тело. Затоа е и таа вонредно важна за здравјето на една индивидуа. Некогаш, таа може да перзистира долго време, дури и без присуство на инфекција или оштетување.
Тоа е т.н. хронична или долготрајна инфламација. Оваа хронична инфламацијата е главен фактор во развиток на простатитисот, срцвата болест, реуматоидниот артрит, фибромиалгија, мултиплекс склероза и многу други болести (Libby P, 2002; Coussens LM, 2002; Lumeng CN, 2011)
Thusgaard М, 2009 година покажува дека омега-3 може да ја намали продукцијата на некои супстанци кои се ослободуваат во тек на инфламаторниот одговор, а Rizza S, 2017 го диференцира и намалувањето на инфламаторните еикозаноиди и цитокини. Постојат и други студии кои конзистентно ја опсервираат конекцијата помеѓу внесот на повисоки дози на омега-3 и намалувањето на инфламацијата.
13. Омега-3 ја одржуваат флуидноста на клеточните мембрани, што е есенцијално и значајно за раст на клетките и одржување на здравјето.
14. Омега-3 во борба со автоимуните болести.
Основна карактеристика на автоимуните болести е тоа што вашето тело по грешка ги препознава своите клетки како страни и почнува да ги напаѓа, за да ги уништи. Таков типичен пример на автоимуна болест е диабетес мелитус тип-1, кај кои имунолошкиот систем создава антитела кои ги напаѓаат сопствените клетки во панкреасот кои продуцираат инсулин.
Студиите покажале дека омега-3 есенцијалните масни киселини може да се борат против овие болести особено во раната фаза од животот. Дури постојат докази дека внесувањето на омега-3 во доволно количество во првите години од животот е поврзано со намалување од ризикот од многу автоимуни болести, вклучувајќи го диабетес мелитус тип-1 (Stene LC, 2003), автоимуниот дијабетес (Löfvenborg JE, 2014), па дури и мултипплата склероза (Hoare S, 2016). Докажан е и нивниот адјувантен ефект во лекувањето на лупус, ревматоидниот артрит, улцерозен колит, Кронова болест и псоријазата.
15. Омега-3 го редуцираат ризикот од обезитас и симптомите од метаболичкиот синдром.
Со стимулацијата на секрецијата на лептин се подобрува одговорот на телото на инсулинот. Лептинот е хормон кој ја помага регулацијата на внесување на храна, апетитот, телесната тежина и метаболизмот и се презентира воглавном во адипоцитите.
Метаболичкиот синдром инаку е еден збир на состојби кои вклучуваат обезитас, кој инаку е познат како “стомачно сало”, покачен крвен притисок, инсулинска резистенција, високо ниво на триглицериди како и ниско ниво на ХДЛ холестерол. Ова е состојба која е еден од големите грижи за јавното здравје затоа што го зголемува ризикт од многу болести како што се кардиоваскуларни болести и дијабетес (Jaspinedr Kaur, 2014). Омега-3 масните киселини може да ја подобрат состојбата со ризикот од инсулинската резистенција, инфламацијата и кардиоваскуларнита болест кај пациенти со метаболичен синдром (Robinson LE, 2013; Dangardt F, 2010).
16. Омега-3 и редукцијата на масти во јетра.
Не-алкохолната хепатална болест е многу почеста од она што генерално се мисли за неа. Притоа, обезитетот како епидемија станува најчеста причина за оваа хронична болест во западниот свет. Но, студиите (Bouzianas DG , 2013 и Parker HM, 2012) покажале дека суплементацијата со омега-3 масните киселини ефективно и ефикасно ги намалуваат хепаталните масти и инфлмацијата кај пациенти со не-алкохолната хепатална болест.
17. Омега-3 и третман на депресивниот синдром и анксиозност.
Депресијата е една од најчестите ментални болести во светот. Симптомите вклучуваат тага, летаргија и генерален губиток на интерес за живот.
Анксиозноста пак е исто така релативно често заболување, карактеризирано со констатна загриженост и нервоза.
Студиите (Annine T., 2016; Ab Latif Wani, 2015; Giussepe Groso, 2014), покажале дека луѓе кои примаат омега-3 имаат помала инциденција на депресивниот синдром. Дури уште повеќе, кога луѓе со депресивен синдром или анксиозност почнат да примаат омега-3 суплементација, настанува подобрување на нивните симпотми (Kuan Pin Su, 2016; Kiecolt-Glaser T, 2011). Од трите типа на омега-3 масните киселини според Mozaffari-Khosravi H (2013) најдобар ефект дава ЕПА, а Shima Jazayeri во 2009 година во својата студија докажал дека ЕПА се еднакво ефикасни во третманот на депресијата и анксиозноста како и најчесто користените антидепресивни лекови.
18. Омега-3 и ментални болести.
Реферирана е асоцијација на ниските вредности на омега-3 и психијатриски болести (Giussepe Groso, 2014), но во последно време низа студии сугерираат дека апликацијата на омега-3 суплементите ја редуцирааат фрекфенцијата на промените на расположението и релапсите кај пациенти и со шизофренија како и кај оние со биполарна психоза (Balanzá-Martínez V, 2011; Peet M, 2015), па дури и насилното однесување.
19. Омега-3 и борбата против менталното опаѓање при стареење и Алцхајмеровата болест.
Менталното опаѓање во функцијата на мозокот е една од неизбежните последици на стареењето. Постојат студии и анализи кои покажале дека внесувањето на повисоки дози на омега-3 го намалуваат овој ментален пад, но и го намалуваат ризикот од развој на Алцхајмеровата болест (Fotuhi M, 2009; Cole CM, 2009; Mohajeri MH, 2015). Дури интересен е фактот дека студијата на Raji C, од 2015 година покажала дека луѓе кои конзумираат поголемо количество на т.н. мрсни риби имаат поголемо количество на сива маса во мозокот, што носи подобрување на процесуирањето на информациите, меморијата и емоциите. Сепак за овие индикации и примената на омега-3 масните киселини се потребни доста дополнителни клинички студии.
20. Омега-3 и подобрување на сонот.
Добриот сон е еден од основите, но и мерило на доброто здравје на една индивидуа. Постојат голем број на студии кои покажуваат нарушување на сонот кај многу заболувања како што се обезитас, дијабетес и депресија (Alvaro PK, 2013; Cappucio FP, 2010; Cappucio FP, 2011). Притоа докажани се асоцијацијата помеѓу ниските серумски нивоа на омега-3 и проблеми со сонот кај деца, но и кај возрасни со т.н. “sleep apnea” (Mongomery P, 2014; Ladesich JB, 2011).
Интетресен и наодот на Peuhkuri K, od 2014 година за сигнификантната поврзаност на ниското серумско ниво на ДХА и хормонот мелатонин, кој инаку помага во процот на заспивање.
Во тој контекст се докажани и ефектите од суплементација со омега-3 масните киселини и подобрувањето на должината и квалитетот на сонот.
21. Омега-3 и кожата.
ДХА е структурна компонента на кожата. Таа е одговорна за здравјето на клеточните мембрани, што резултира со мека, влажна, еластична и кожа без брчки. Во основа дел од ефектите се должат и на влијанието на ЕПА која ја менаџира исто така хидратацијата на кожата, продукцијата на масленоста на истата, превенција на хиперкератинизацијата на фоликулте на косата, го успорува стареењето на кожата и ризикот од појава на акни.
На крај од овој дел треба дефинитивно да се напомене дека Омега-3 масните киселини се навистина оптимални за вашето здравје. Нај повеќе и најдобро може да се внесат со минимум два до три пати неделно конзумирање на т.н. мрсни риби. Но на крајот ако вашето внесување на риба не е такво и ако не го сакате нејзиниот вкус треба да се размисли за внесување на омега-3 суплементите. Но, фактот дека во новиот и модерен начин на исхрана доста е редуциран внесот на омега-3 масните киселини, доказ е и студијата на Sarah M, од Онтарио во Канада во 2017 година која анализирала колкав е вкупниот дневен внес на ЕПА и ДХА кај деца од 4-8 години. Најдено е дека 78% од децата во Онтарио внесуваат просечно само 31,5 мг ЕПА и ДХА, што е длабоко инсуфициентно. Додека во САД во оваа возрасна група внесува околу 50мг на ден, што е многу помалку од препорачаната доза од минимум 200 мг дневно на ЕПА и ДХА од Американската и Канадската Асоцијација за нутриција. Овој внес е исто така екстремно низок и во другите возрасни категории.
Затоа за да недоволниот внес на Омега-3 масни киселини не прерасне во “СКОРБУТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ” неопходно е сериозно да се модифицира количината на конзумирање на овие важни масни киселини по пат на зголемен внес со храна или нивна суплементација. Во тој контекст ја додаваме изјавата на Проф. Др. Walter Schulz од Универзитетот во Келн: “суплементацијата на Омега – 3 масните киселини е една од најголемите медицински иновации во последните 20 години!”