Најчести прашања
Од 1854 година ги поддржуваме и поедноставуваме секојдневните здравствени рутини на македонските семејства со омега-3 со најчист квалитет.
Подолу, најдете ги одговорите на најчесто поставуваните прашања, како и дополнителни информации за нашите Möller’s производи.
Да, неколку наши производи може да се комбинираат истовремено. Она на што треба да внимавате е да не комбинирате два производа кои ја содржат препорачаната дневна количина на витамин Д и А. Доколку се прашувате кои Молерс производи може да ги комбинирате, има детален состав на секој од производите на нашата вебстрана.
Телото на човекот е опремен со фантастичен имунолошки систем, кој не штити од болести. На неверојатен начин тој може да се бори против несаканите натрапници и дополнително да ги препознае за време на повторните напади.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар содржи витамини Д, А и Е кои во значителен степен придонесуваат за одржување на имунолошкиот систем во добра состојба. Земањето Молерс масло од црн дроб на бакалар е всушност еден од наједноставните начини на кои можеме да се грижиме за нашето здравје.
И децата и родителите ќе имаат големи здравствени придобивки доколку редовно, преку целата година го користат Möller’s маслото од црн дроб на бакалар, кој е богат со есенцијални омега-3 масни киселини(ДХА+ЕПА) и витамини Д, А и Е осигурувајќи го правилното функционирање на имунолошкиот систем.
Масните киселини се од витално значење за човековото тело, бидејќи тие ја формираат мембраната на секоја клетка во телото. Некои категории масни киселини се произведуваат по природен пат во нашето тело, додека други групи на масни киселини може да се добијат само преку исхраната. Оваа последна група се нарекува ЕМА (Есенцијални Масни Киселини), и е многу важно да се зимаат во секојдневната исхрана за да имате здраво тело.
Постојат 2 категории на ЕМА:
- Омега-6 -> Во современата исхрана, постојат многу извори на Омега-6 (семиња, ореви, растителни масла и сл.), па поретко се земаат како додаток во исхраната.
- Омега-3 -> Спротивно на Омега-6, денешната исхрана има голем дефицит на Омега-3 добиена од риба(потрошувачката на риба значително е намалена). Затоа, од суштинско значење е да се осигураме дека во нашето тело ќе внесеме доволно количество на Омега-3.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар се препорачува поради содржината на природни есенцијални масни киселини Омега-3, особено ДХА и ЕПА – во ефикасна концентрација, неопходни за оптимален раст и развој на мозокот и видот кај децата. Маслото од црн дроб на бакалар, исто така, содржи витамини Д, А и Е, кои играат важна улога во растот и развојот на коскениот систем(коски и заби), подобрување на капацитетот на антиинфективна одбрана(зголемен имунитет), подобрување на визуелната острина(вид) итн.
Составот кај сите три вкуса од Молерс маслата е ист со минимални варијации кај омега-3. Разликата е само во вкусот.
Да. Природните омега-3 масни киселини (ДХА+ЕПА), кои се главните состојки во производите на Möller’s, се меѓу најдобро докажаните хранливи состојки во светот денес.
Молерс маслото од црн дроб на бакалар е додаток на основниот третман кој се препорачува за долги периоди(без пауза), барем неколку години. Möller’s има имуномодулаторно дејство(го поттикнува “заспаниот” имунолошки систем), и особено се препорачува да се користи во текот на првите години од животот кого правилниот раст и развој кај децата е најважен.
Молерс маслото од црн дроб на бакалар е исклучително корисен во текот на целата година, затоа што состојките што ги содржи се апсолутно неопходни цело време, не само во зима. Нашето тело за да функционира бара континуирано консумирање на омега-3 масни киселини, витамин Д и витамин А.
Дивиот арктички бакалар е еден од најбогатите извори на Омега-3 есенцијални масни киселини (особено ДХА и ЕПА) наспроти месото или другите рибини органи кои не содржат слични количини на ДХА и ЕПА. Поради оваа причина, изборот на додаток во исхраната бара внимателно проверување на содржината на ДХА и ЕПА.
На пример, многу од додатоците во исхрана, како што е рибиното масло во течна форма или капсули од 1000 милиграми (а понекогаш и над 1000 милиграми) содржат помалку од 0,5 грама на ДХА и ЕПА, количество недоволно за да се обезбедат посакуваните позитивни ефекти.
Во врска со можната токсичност на црниот дроб на бакалар, ова е апсолутно исклучено, ако се земе во предвид дека производителот на Möller’s со историја и традиција од 1854 година е познат токму за чистотата и многу високиот квалитет на своите производи, засновани на црн дроб на бакалар, од хемиски нетретирана риба. Додека да се наполни во шише, маслото минува низ не помалку од 8 контролни точки, елиминирајќи го остатокот или несаканите нечистотии/токсини. Покрај тоа, норвешките стандарди за производство се во многу аспекти построги од европските. Како заклучок, црниот дроб се користи затоа што е еден од најдобрите природни извори на есенцијални полинезаситени масни киселини ДХА и ЕПА. Можна токсичност е изјава без реална основа – од 1854 година (со оглед на тоа што норвешкиот фармацевт Питер Молер го патентираше неговиот метод за екстракција со пареа) маслото од црн дроб на бакалар е исклучително чисто. За неговото откритие, фармацевтот има добиено бројни награди и признанија.
1 полна мала лажичка(5мл) Möller’s масло содржи 250 микрограми(833 IU) витамин А, што е 31% од дневните потреби. Ако дневната исхрана е разновидна, сигурно остатокот од дневните потреби е обезбеден од исхраната. За возрасни препорачана дневна доза е 5000 IU. Бремените жени не треба да надминуваат 6000 IU на ден и доилки 8000 IU на ден. Предозирањето се појавува во услови на секојдневно надминување на долг рок на овие препорачани дневни дози кои се квантитативно значајни, состојба која под услови на нормална диета не може да се постигне. Исто така, важно е да се проверува количината на витамин А во додатоците на исхрана и лекови земени истовремено со Möller’s маслото.
Секогаш е добро да се почитуваат препораките за дозирање напишани на производот или препораките дадени од лекарот. Треба да бидете особено внимателни да не ја надминувате препорачаната дневна доза на витамините А и Е. Доколку сепак ја надминете препорачаната дневна доза, нема ризици, но треба да го избегнувате предозирањето на долг рок. Кај омега-3 масните киселини не постојат несакани ефекти во случај на предозирање.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар може безбедно да го користат бремени жени и доилки за да се внесат потребните есенцијални масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е во телото. Есенцијалните масни киселини омега-3(ДХА+ЕПА) се особено важни за оптимален развој на мозокот и нервниот систем. Витаминот Д е од витално значење за развојот на коскениот систем, забите и регулирање на употребата на калциум во клетките.
Да, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар се препорачува за мајки кои дојат. Möller’s содржи омега-3 масна киселина ДХА. ДХА масната киселина е важна за развојот на мозокот и очите на бебето (овој корисен ефект се добива со дневен внес од 200мг ДХА од страна на мајката, покрај препорачаната дневна доза од 250 mg ДХА и ЕПА). Покрај тоа, Möller’s масло од црн дроб на бакалар содржи витамин А и Д. Овие се важни витамини за имунитетот на мајката.
Не постои општо правило, тоа зависи од вашите навики во исхраната. Многу луѓе претпочитаат да го пијат Möller’s маслото од црн дроб на бакалар по оброкот, не на празен стомак. Наш совет е да создадете навика да ја земете ваша доза од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар после појадокот, за да бидете сигурни дека нема да ја заборавите вашата дневна доза Möller’s.
Сите ние имаме непријатни сеќавања за вкусот на рибиното масло кое ни го давала нашата баба.
Möller’s Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар е модерен, префинет производ, со години добивајќи ја наградата за супериорен вкус од iTQi Белгија (Меѓународниот институт за вкус и квалитет), водечка светска организација посветена на сертифицирање на вкусови на производи за исхрана и пијалок, чии судии се избрани од 15-те најпрестижни европски асоцијации за кулинари и сомелиери.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар е оценето како “храна и здравје” земајќи го во предвид вкусот, мирисот и сензацијата по голтањето.
Совршеноста на производот и наградата е резултат на:
- Исклучителната чистота на суровината
- Многу високи стандарди при процесот на производство
- Строга контрола на квалитет.
Вкусот е подобар ако го чувате шишето во фрижидер.
Како непишано правило 5мл од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар собира во една полна мала лажичка со мали варијации во зависност од формата. Половина мала лажичка собира 2,5мл со мали варијации во зависност од формата.
Möller’s Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар е чист, природен производ, без конзерванси. Откако ќе се отвори, шишето треба да се чува во фрижидер три месеци, а потоа да се замени со ново. По отварањето важно е внимателно да го затворите капачето на шишето за да се спречи долго изложување на оксидација.
Алергијата на риба се должи на реакцијата на протеин (алерген) кој се наоѓа во рибиниот мускул. Денешните аналитички методи не успеаја да детектираат остатоци од протеини во Молерс маслото од црн дроб на бакалар и сметаме дека е малку веројатно дека производот ќе предизвика алергиска реакција. Ако сте хипер алергични кон рибите, разговарајте или најдобро пробајте го производот пред вашиот лекар.
Ниту еден од нашите Молерс масла не содржат глутен, соја и шеќер.
Да, можеме да гарантираме дека сите наши производи се чисти и со најдобар квалитет. Нашите производи се сосема безбедни за децата и за возрасните. Ги превземаме сите мерки на претпазливост за да спречиме несакани состојки кои може да се најдат во рибите. Маслото од црн дроб на бакалар што го користиме, темелно се чисти во неколку чекори и се контролира не помалку од 8 пати во текот на целиот процес.
Всушност, сопствените правила на Möller’s за чистотата на производот се многу построги од барањата на властите. Со користење на суровини од чисти морски површини, како што е рибата бакалар од Лофотен, го избегнуваме присуството на несакани штетни состојки.
Норвешките традиции отсекогаш биле поврзани со океанот, при што жителите имаат длабоко почитување на сите живи суштества во водата. Бидејќи наследството на оваа земја е на море, норвешкиот систем за управување со риболовот е поддржан со долгорочен план заснован на строга регулатива. Во последните 30 години, скоро и да нема случај на илегален, непријавен или нерегулиран риболов во Норвешка.
Ниво на токсини | Максимални граници во ЕУ | Максимални граници во Möller’s |
As, Arsene (mg/kg) | 0,1 | 0,025 |
Cd, Cadmium (mg/kg) | 0,1 | 0,01 |
Pb, Lead (mg/kg) | 0,1 | 0,025 |
Hg, Mercury (mg/kg) | 0,1 | 0,01 |
Benzo(a)pyrene (μg/kg wet weight) | 2,0 | 2,0 |
Dioxins (TE WHO) | 2,0 | 1,0 |
Dioxins and dioxin-like PCBs (TE WHO) | 5,0 | 1,5 |
Ставете малку средство за миење садови директно на дамката и оставете ја облеката да стои околу 30 минути. Потоа убаво исплакнете и исперете ги алиштата.
- Нашите производи