Möller’s Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар е безбеден и се препорачува за користење кај деца со цел во телото да се внесат есенцијалните масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е:
- Омега-3 есенцијалните масни киселини се особено важни за оптималниот раст и развој на мозокот, видот и нервниот систем.
- Витаминот Д е од витално значење за развојот на имунолошкиот систем, коскениот систем, забите и регулирање на употребата на калциум во клетките.
Ефикасноста на Омега-3 масните киселини е докажана од над 15.000 научни статии. Со само една дневна доза од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар се надополнуваат дневните потреби за есенцијални масни киселини Омега-3 и витамините Д, А и Е.
Децата растат, се развиваат брзо и се во постојани физички и ментални промени. За да помогнете овој процес да биде правилен, важно е земањето на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар да ви биде дневна рутина (на пример, земете од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар пред да одите во детска градинка / училиште).
Со редовно користење на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар и на есенцијалните масни киселини Омега-3 кај децата придобивките за хармоничен раст и развој се големи.
- Оптимален раст и развој на мозокот и нервниот систем. Оптималниот развој на мозокот и мозочната функција влијае врз способноста за учење, меморија и концентрирање.
- Подобрување на однесувањето на децата со невролошки развојни нарушувања. Oна што е многу значајно е дека поголем број на студии покажуваат дека омега-3 суполементите може да ги намалат симптомите на АДХД. Така во една Јапонска студија изведена од Hamazaki и Hirayamaод Токио (2016) испитувана е група на деца од 6-12 години со АДХД, кај кои се давани поголеми дози на ДХА (514 мг на ден) и ЕПА (100 мг на ден) во период од 2 месеци. Резултатите во таа студија покажуваат редукција на агресијата споредено со контролна група која е нотирана и од наставниците и од родителите. Студиите на Milte CM (Nutrition, 2012), Perera H (J Child Neurol, 2012) и на Bloch MH (J AM Acad Child Adolesc Psychiatry, 2011) докажуваат подобрување на вниманието кај овие деца, се намалува и хиперактивноста, импулсивноста и агресијата.
- Подобри когнитивни достигнувања. Во 2010 година Kim од Универзитетот од Гетеборг анализирал како влијае количеството на конзумирана риба врз когнитивните функции и академските достигнувања кај адолесценти. Студијата покажала дека почестото конзумирање на риба од еднаш односно два пати неделно сигнификантно асоцира со повисоки когнитивни достигнувања компарирано со оние кои јадат помалку од еднаш неделно риба.
- Помалку настинки во текот на зимските месеци.
- Корисни ефекти врз оптималното функционално созревање на ретината и визуелниот кортекс, ДХА претставува 60-80% од сите полинезаситени киселини во структурата на ретинални фоторецептори, со улога во активирањето на родопсин и зголемување на визуелната острина.
- Значително помал ризик за дијабетес тип 1 – хронична автоимуна болест со почеток во детството поврзана со абнормалности на метаболизмот на простагландин.
- Развојот на здрави коски и заби е особено важен за активно и здраво дете.
- Детето постојано е изложено на мали бактерии и вируси кога е во контакт со други деца. Добар имунолошки систем помага да се спротивстави на настинките и да остане здраво.