+30 други држави
Möller’s омега-3 масло од црн дроб на бакалар тути-фрути
Möller’s масло од црн дроб на бакалар Тути-Фрути со вкус на тропски овошја е оригиналното норвешко масло од црн дроб на бакалар, патентирано од норвешкиот фармацевт Питер Молер во 1854 година, со цел да помогне да се одржи здравјето на генерациите што доаѓаат. Молерс е еден од најстарите норвешки брендови и еден од најстарите производи кои се продаваат во аптеките ширум светот. Овие факти се резултат на голема посветеност што ние во Молерс ги сфаќаме сериозно.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар е природен извор на Омега-3 ( ДХА+ЕПА ), добиено од див арктички бакалар кој е особено богат со омега-3 масни киселини, уловен во најчистите ладни води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.
Möller’s содржи уникатна комбинација на природна омега-3(ДХА+ЕПА) и витамини Д, А и Е – нутритиенти кои се особено важни за правилен и нормален развој на мозокот, срцето, видот и придонесува за нормален имунолошки систем.
Состав
Масло од црн дроб на бакалар (риба), природна арома (микс од тропски овошја), ДЛ алфа токоферол ацетат (витамин Е), природни токофероли(антиоксиданс), ретинол палмитат (витамин А), холекалциферол (витамин Д).
**Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА.
***Се постигнува со дневен внес од 250мг на ДХА и ЕПА
Напомени
По отварањето производот да се чува во фрижидер и да се употреби во рок од 3 месеци.
*За употреба на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар за бебиња кои се на исхрана со адаптирано или последователно млеко потребна е претходна консултација со лекар бидејќи адаптираното и последователното млеко во себе содржи витамин Д и ДХА есенцијални масни киселини.
Дозирање и начин на употреба
Во кој дел од денот да ја земам дневната доза Молерс масло?
Наша препорака е да ја земете вашата дневна доза Молерс масло наутро после појадокот за да бидете сигурни дека нема да ја заборавите вашата дневна доза Möller’s.
Според препораките на производителот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можат безбедно да го користат трудници, доилки и постари лица.
„Најдобриот препарат со Омега за деца, веќе го користиме со вкус на лимон, баш би сакале да го пробаме и новиот вкус на зелено јаболко 😊“
„Благодарение на овој несекојдневен производ Moller’s , кој за мене е најдобар, ја подобривме крвната слика на мојата две годишна ќеркичка, а одличен е и за имунитет, и заедно со неа , пијам и јас. Вкусот е преубав. Од ❤ ви го препорачувам.“
„Моментално го користиме. Презадоволни ❤❤❤“
„Молерс со вкус на лимон, моето дете веднаш го прифати и сам го бара. Љубов на прв вкус :-)“
„Јас го користам сум многу задоволна и сака да го пие инаку имав проблем со сите други производи му мирисаа на риба.“
„Го користиме со години, уште пред да дојде во Македонија, и го препорачувам на сите. Во многу истражувања е еден од подобрите според карактеристиките“
„Јас си го пијам редовно и сум презадоволна и од вкусот и од квалитетот. Поздрав.“
„Нај врв на свет, без конкуренција!“
„Супер е 5+ ❤❤❤“
– Ана
„Вкусот на зеленото јаболко и квалитетот на Норвешка го прават новиот Mollers неопходен за секоја генерација 🍏“
„Најдобар додаток во исхрана. Единствен производ кој помага за добар имунитет.“