Историјата со маслото од црн дроб на бакалар започнува од пред илјадници години, за кој арктичките и суб-арктичките жители го сметале за вистински подарок од природата. Маслото се употребувало скоро за се: за светилки, преработка на животинска кожа, третирање чамци и бродови за да се спречи појавата на ледена покривка се до нивната употреба како третман за луѓето и животните.
Доказите пронајдени во северна Норвешка во периодот 230-895п.н.е. потврдуваат дека маслото од црн дроб на бакалар се користело и за лична употреба и за трговија. За да преживеат во тешките услови на северот, со недостаток на сонце во текот на зимата (а со тоа и недостаток на витамин Д), локалното население брзо научило дека дневното користење на маслото од црн дроб на бакалар е одличен третман за здравјето во целина, но исто така и за превенција од рахитис или ревматски заболувања. Првите медицински сведоштва датираат од 1789 година во Манчестер, кога д-р Дарби го користел маслото од црн дроб на бакалар за третирање на ревматизам. Во 1824 година маслото од црн дроб на бакалар се споменува во германските публикации како третман за рахитис.
Но, во средината на 19-тиот век, норвешкиот фармацевт Питер Јоахим Молер ги постави темелите за модерно производство на масло од црн дроб од бакалар. Питер Молер забележал дека жителите на западниот брег на Норвешка ретко се разболуваат поради честата употреба на масло од црн дроб на бакалар. Почнувајќи од овој факт, тој се посветил на истражување и идентификација на методи за производство на сурово масло од црн дроб со подобар вкус, поголема чистота и по прифатлива цена. Така, тој го развил и патентирал методот на употреба на пареа за да го извлече маслото од црниот дроб на бакалар, со што ги зачувал хранливите материи. Ова е почетокот на неговата компанија, основана во 1854 година во Лофотен, на норвешкото крајбрежје на Арктикот, со најчисти ладни води и суровина со највисок квалитет.
На почетокот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар се користи како одличен извор на витамините А и Д и сите придобивки што се поврзани со нив. Но, Питер Молер верувал дека масните киселини кои се наоѓале во маслото од црн дроб на бакалар и други познати и непознати состојки имале многу поголеми здравствени придобивки. Неговата визија за значително подобрување на здравјето со добивање на Омега-3 производи со највисок квалитет ги води активностите на денешната компанија.
Денес, производите на Möller’s далеку ги надминуваат националните и меѓународните стандарди или други слични производи во однос на квалитетот. Ова е можно преку серија чекори за пречистување и рафинирање и строга контрола на квалитетот во сите фази на производството.