Историја и традиција

Во средината на 19-тиот век, норвешкиот фармацевт Питер Јоахим Молер ги постави темелите за модерно производство на масло од црн дроб од бакалар.

Историјата со маслото од црн дроб на бакалар започнува од пред илјадници години, за кој арктичките и суб-арктичките жители го сметале за вистински подарок од природата. Маслото се употребувало скоро за се: за светилки, преработка на животинска кожа, третирање чамци и бродови за да се спречи појавата на ледена покривка се до нивната употреба како третман за луѓето и животните.
Доказите пронајдени во северна Норвешка во периодот 230-895п.н.е. потврдуваат дека маслото од црн дроб на бакалар се користело и за лична употреба и за трговија. За да преживеат во тешките услови на северот, со недостаток на сонце во текот на зимата (а со тоа и недостаток на витамин Д), локалното население брзо научило дека дневното користење на маслото од црн дроб на бакалар е одличен третман за здравјето во целина, но исто така и за превенција од рахитис или ревматски заболувања. Првите медицински сведоштва датираат од 1789 година во Манчестер, кога д-р Дарби го користел маслото од црн дроб на бакалар за третирање на ревматизам. Во 1824 година маслото од црн дроб на бакалар се споменува во германските публикации како третман за рахитис.

Peter Joachim Möller
(1793 – 1869)

Но, во средината на 19-тиот век, норвешкиот фармацевт Питер Јоахим Молер ги постави темелите за модерно производство на масло од црн дроб од бакалар. Питер Молер забележал дека жителите на западниот брег на Норвешка ретко се разболуваат поради честата употреба на масло од црн дроб на бакалар. Почнувајќи од овој факт, тој се посветил на истражување и идентификација на методи за производство на сурово масло од црн дроб со подобар вкус, поголема чистота и по прифатлива цена. Така, тој го развил и патентирал методот на употреба на пареа за да го извлече маслото од црниот дроб на бакалар, со што ги зачувал хранливите материи. Ова е почетокот на неговата компанија, основана во 1854 година во Лофотен, на норвешкото крајбрежје на Арктикот, со најчисти ладни води и суровина со највисок квалитет.

На почетокот, Möller’s маслото од црн дроб на бакалар се користи како одличен извор на витамините А и Д и сите придобивки што се поврзани со нив. Но, Питер Молер верувал дека масните киселини кои се наоѓале во маслото од црн дроб на бакалар и други познати и непознати состојки имале многу поголеми здравствени придобивки. Неговата визија за значително подобрување на здравјето со добивање на Омега-3 производи со највисок квалитет ги води активностите на денешната компанија.

Денес, производите на Möller’s далеку ги надминуваат националните и меѓународните стандарди или други слични производи во однос на квалитетот. Ова е можно преку серија чекори за пречистување и рафинирање и строга контрола на квалитетот во сите фази на производството.

За Möller’s

Möller’s се добива од обновливи извори на дивиот арктички бакалар уловен во ладните и чисти води на регионот Лофотен и Вестерален во Норвешка.

Традиционален риболов, лов на бакалар, Норвешка пристаниште, галеби,
Mollers-SLIKA-3

Möller’s за бебиња

Möller’s Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар се препорачува за бебиња на возраст од 6 месеци со цел во телото да се внесат есенцијалните масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е.

Happy children in white shirts in the sky

Möller’s за деца

Möller’s Омега-3 маслото од црн дроб на бакалар е безбеден и се препорачува за користење кај деца со цел во телото да се внесат есенцијалните масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е.

Mollers SLIKA 2

Möller’s за трудници и доилки

Оригиналното Möller’s Омега-3, масло од црн дроб на бакалар се препорачува и е безбеден за бремени жени и доилки, за да се внесат потребните есенцијални масни киселини Омега-3 и витамините Д, А и Е во телото.

Mollers SLIKA 5

Möller’s за возрасни и постари лица

Оригиналното Möller’s Омега-3 масло од црн дроб на бакалар се препорачува за возрасни и постари лица со цел во телото да се внесат есенцијалните масни киселини Омега-3 и витамините А, Д и Е.

ORKLA_bildepakke_full-14

Од 1854 година

Норвешкиот фармацевт Питер Молер, открил и за прв пат патентирал револуционерен метоод за прочистување и производство на масло од црн дроб на бакалар.

mollers-slika-7-1

Висококвалитетни суровини

Möller’s масло од црн дроб на бакалар се добива од норвешкиот див арктички бакалар, уловен во регионите Лофотен и Вестерален…

Scroll to Top