Kако да знаеме дали станува збор за Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (ADHD) ?
Многу деца едноставно “не ги држи место” и не можат да седат мирни, одбиваат да чекаат на ред или имаат проблеми со послушноста и концентрацијата. Поголем дел од нас мислиме дека децата тоа го прават бидејќи се само деца. И понекогаш тоа е точно.
Децата со АДХД тешко можат да го контролираат своето однесување или да се концентрираат. Тие можат да дејствуваат без размислување или да имаат проблем да се фокусираат. Ова може да предизвика проблеми дома, на училиште или пак со своите другарчиња, што влијае на способноста на вашето дете да учи и да се социјализира со другите врсници.
Симптомите на ADHD честопати се грешат со емоционални или дисциплински проблеми. Како резултат на тоа, децата со ADHD може да бидат “етикетирани” како немотивирани или „лоши деца“. И ова, е далеку од вистината. ADHD е нарушување на мозокот а децата со ADHD не се однесуваат лошо со намера.
Kако можете да откриете дали вашето дете има ADHD или има нормално однесување?
Може да биде тешко да се направи разлика помеѓу двете. Дијагнозата на АДХД обично вклучува постојано невнимание и/или хиперактивност-импулсивност. Децата можат да ги покажуваат овие знаци подолг временски период:
Дефицит на внимание:
– Проблем да остане фокусиран, лесно расеан, се губи во мислата.
– Изгледа дека не слуша кога ќе му се зборува.
– Проблеми при завршувањето на задачите, брзо губи внимание.
– Проблем да остане организиран.
– Тешкотии при дадени инструкции, прави невнимателни грешки.
– Честопати губи работи или пак заборавајќи, погрешно ги става работите.
Хиперактивност / импулсивност:
– Постојано се врти, тропка во место, не може да седи мирен.
– Има проблем да остане седнат подолго време.
– Претерано многу трча или се качува, постојано е во движење.
– Зборува без престан, отфрла одговори, прекинува други во разговор.
– Има тешкотии да го чека својот ред.
– Брз темперамент.
Од време на време сите деца ќе покажат некои од овие однесувања. Но, за децата со ADHD, однесувањето е толку сериозно и секојдневно (трае повеќе од 6 месеци) што го попречува неговиот нормален живот.
Единствениот начин со сигурност да знаете дали вашето дете има ADHD е да добиете сеопфатна проценка од специјалист. Почнете од педијатарот на вашето дете, а тој ќе ве упати кон специјалист за третман на детето.
Како родител, да се има дете со АДХД може да биде неверојатно исцрпувачки и предизвикувачки за справување. Добрата вест е дека се лекува, а децата можат да пораснат и да водат среќен и здрав живот.
Еве како вие, како родител, може да помогнете:
Имајте распоред – Времето за домашна работа и активности во домот нека ви бидат секојдневна рутина. Распоредот чувајте го на видно место.
Останете организирани – Секојдневните предмети чувајте ги организирани на исто место, вклучувајќи ја облеката, училишните материјали, ранци и играчки.
Бидете јасни и доследни – На децата со ADHD им требаат јасни и доследни правила што треба да ги следат за да знаат што очекувате од нив.
Правилна здрава исхрана – Помогнете му на вашето дете да јаде правилно и намалете ја нездравата храна, бидејќи диетата може да влијае на симптомите на ADHD. Јадењето на ткн мрсни риби треба да ви биде приоритет. Рибата е богата со Омега-3 есенцијални масни киселини. Исто така суплементацијата со Молерс маслото од црн дроб на арктички бакалар може да биде вашиот правилен избор бидејќи содржи уникатна комбинација на природна Омега-3 (ДХА+ЕПА) со висока концентрација и природни витамини Д, А и Е.
Вежбањето и редовното спиење е важно– Децата со голема енергија треба да се движат многу, затоа движете се со нив. Исто така вашето дете треба доволно да спие бидејќи квалитетниот сон може да ги намали симптомите на ADHD.
Охрабрувајте и наградувајте – Барајте и пофалете го доброто однесување. Наградете го вашето дете кога ги следи правилата но и опоменувајте кога не ги следи правилата.